Масовна “евакуација“ на стотици милијарди евра од Лондон

237

Големи банкарски групации и инвестициони фондови забрзано вршат трансфер на финансиски средства, коишто досега беа администрирани во Лондон. Тие сега “евакуираат“ финансиските средства во други европски градови. Како причина за тоа се наведува Брегзит, што претставува силен удар и врз финансискиот сектор, но и целокупната британска економија.

JPMorgan најавува трансфер на околу 200 милијарди евра од Лондон во Франкфурт. Се очекува ова “селење“ да биде финализирано до крајот на годината. Оваа американска банкарска групација е само една од големиот број банки што се принудени да ги мигрираат финансиските средства од Лондон. Меѓу градовите каде што планираат да го фрлат “сидрото“ се Париз, Франкфурт, Милано, Мадрид…

JPMorgan, освен во Франкфурт, развива и посебни финансиски хабови во Париз, Амстердам и Копенхаген.

UBS, Standard Chartered и Citigroup, исто така, селат големи финансиски средства од Лондон во Германија.

Фото: Pexels