Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, отвори јавен повик за запишување единаесетата генерација на Мастер програмата во Скопје за академската 2018/2019 год.. Оваа ексклузивна можност во минатото најчесто ја користеа видни бизнисмени од разни компании од регионот. На професионалците од Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo – Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово и др., меѓународната мастер програма по менаџмент и организација, им помогна во остварувањето на нивниот профсионален успех.
Меѓународната мастер програма, која што се одвива во Регионалниот центар во Скопје, е оригинална изведба на истиот студиум во Љубљана. Магистрантите се здобиваат со истото знаење по економија и менаџмент и им се издава академска интернационална диплома на англиски јазик и на словенечки јазик.
Економскиот факултет – Љубљана, е единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA. Овие акредитации ги поседуваат помалку од 5% од бизнис школите ширум светот и се доказ за квалитетот на знаењето со кои што се здобиваат студентите.
Сепак, најзначаен доказ се искуствата на тие кои ја посетувале програмата меѓу кои и Христина, Дарко и Ана кои имаа неколку работи да кажат за Економски факултет – Љубљана.
Христина Лозаноска, раководител на одделот за човечки ресурси во НБРМ и претседател на Македонска асоцијација за човечки ресурси, неодамна порача
“Исполнети очекувања! Мора да кажам дека сум задоволна што го вложив времето и енергијата. Сето тоа има евидентен резултат во мојот професионален живот. Пред сè и унапредувањето кое го добив во Народна банка после извесно време беше со докажување на новите стекнати знаења. Тоа се комбинираше и сега сум раководител на сектор за човечки ресурси во НБРМ и можам да кажам дека има директна поврзаност со моите студии. Исто така, и бизнис-мрежата во која што бев вклучена во тој период, ме поттикна на граѓанска активност, па веќе 6 год. сум претседател на Асоцијацијата за човечки ресурси на Македонија, каде што директно се залагам за промовирање и унапредување на професијата, на национално и на регионално ниво. Останав во соработка со професорите од факултетот кои воедно доаѓаат на конференциите што заедно ги организираме. Тоа е нешто што е живо и живее и после завршувањето на студиите и затоа топло ги препорачувам на сите оние кои што сакаат да се здобијат со високо стручно и квалитетно образование, а сепак да бидат присутни дома и да студираат во својот град, без отсуство од работата и семејството.“
Ана Стојаноска, помлад соработник во Комерцијална Банка АД Скопје, ја посочи едноставноста на изборот на Економски факултет – Љубљана
“По завршување на додипломските студии, следен чекор секогаш е избирањето на постдипломски студии, нели? Во периодот кога јас се запишував на постдипломски студии, најдобар избор, кој и сè уште е, е Економски факултет – Љубљана. Кога дознав дека во Скопје имаат студии немав потреба од предолго размислување и знаев кој избор да го направам. Моето искуство со нив, на почетокот и подоцна во текот на студирањето, беше одлично. Литературата е странска и најсовремената во дадениот период, студентите се добро прифатени, имав пријателски однос со координаторката која овде го менаџира студиумот, а професорите беа најдобри во нивната област. Го добив најдоброто знаење кое што можат да ни го дадат и е незаменливо. Јас сум сигурна во мојот избор и се надевам дека и други ќе го направат.“
Дарко Петровски, основач и сопственик на Talent Business Incubator Step Up, го сподели неговото искуство и како, покрај знаењата и признанијата, факултетот нуди нешто повеќе
„Со оглед на мојата зафатеност во ЕВН Македонија во тој период, имав многу работа и долго време се задржував на работа. Некако динамиката што се воспостави ме туркаше низ целиот процес да ги поминам сите предмети, да ги ислушам сите предавања и да ги полагам сите испити. Мојата тогашна професионална зафатеност си го зема данокот во делот на подготовката на магистерската теза, меѓутоа тука многу ми помогна мојот ментор со неговите практични совети и со поддршката која ми ја даде во процесот на подготовката. Самата реализација на одбраната на магистерската теза беше интересна. Таа се одвиваше пред цела комисија, а само дел беа присутни. Дел од нив присуствуваа преку видео-линк, што покажува една флексибилност од страна на универзитетот да им излезе во пресрет на своите студенти. Тоа што го научив на магистерските студии на Економскиот факултет – Љубљана во Скопје навистина ми помогна во професионалниот и во личниот живот да си поставам и да постигнам висок систем на вредности.“
Економскиот факултет – Љубљана е нешто повеќе од само студиум…
Тој претставува заедница во која што секој студент ја има можноста (и тимски и индивидуално) да се развива врз темелите на добра методологија, квалитетните професори, современата стручна странска литература и добрите колеги.
Секој кој сака да оствари успешна професионална кариера може да се обрати до Регионалниот центар на Економски факултет – Љубљана (www.ef.uni-lj.si) во Скопје и на cisef@skopjefair.com.mk и 070 338 570.