Mastercard и Visa ќе ги намалат таксите за картичките во ЕУ

40

Mastercard и Visa се согласија да ги намалат надоместоците за туристите кои ги користат нивните картички во Европа, по долгата “битка“ со Европската комисија.

Компаниите за кредитни картички отсега ќе им наплаќаат на трговците на мало 40% помалку за плаќања со со кредитни и дебитни картички што не се од ЕУ.

Според Европската комисија овој договор ќе доведе до пониски цени за бизнисот на европските трговци, како и до пониски цени за туристите во Европа, BBC.

Visa и нејзиниот конкурент Mastercard, ќе наплаќаат такса од  0,2% за плаќања со дебитни картички што не се од ЕУ и 0,3% такса за плаќање со кредитни картички во продажните места.

Договорот ќе стапи на сила на 19 октомври и ќе трае пет години.

Фото:Pixabay