MasterCard изработена целосно од злато

21

aurae-gold-master-card-f-2Aurae, компанија чија дејност е да се грижи за животниот стил на богатите, ги изработи првите master картички од злато. Освен што содржат 18 или 14 каратно злато, овие картички се креирани според желбата на клиентите, пишува Billionaires NewsWire.

Покрај златната картичка, корисниците добиваат луксузна консиерж услуга, како и специјални лајфстајл услуги дизајнирани да го истакнат животниот стил на клиентите.

Луксузната картичка ја има во две верзии – жолто и розово злато. Сепак, овој статусен детал не може да го поседува секој. Компанијата ја нуди оваа услуга на одбрани членови и само со ексклузивна покана.

aurae-gold-master-card-f

Картичката може да биде направена по нарачка, односно да содржи изгравирана слика од клиентот, лого на компанијата и слично. Откако клиентот ќе одобри, ја изработуваат златарите и останатите стручни лица од Aurae. Картичката тежи помеѓу 45 и 60 грама и е украсена со скапоцени камења чија бројка може да достигне и 164.

На крај се гравира и потписот на клиентот за картичката да биде уникатна во својот дизајн.

Кога ќе биде готова се испорачува до клиентот во рачно изработена кутија од јаворово дрво. Заедно со неа доаѓа и рачно шиен кожен паричник за чување.

Таа не е само обичен украс, туку е целосно функционална на било кое место во светот, како и обичните master картички.

Луѓето на кои им се нуди оваа картичка можат да станат и членови на Aurae доколку уплатат 50.000 долари плус 5.000 за годишни давачки. Штом некој стане член, може да ја менува својата златна картичка на секои пет години.