Компанијата Mastercard оваа есен ќе започне со тестирање на нова апликација, којашто користи препознавање на лица за да може да се изврши одредена платежна трансакција, пишува CNN.
Корисникот ќе може да го искористи својот паметен телефон за да го направи познатото selfie, по што ќе следи авторизација на трансакцијата. Оваа технологија би требало да ги замени лозинките или ПИН кодовите.
“На новите генерации на кои selfie им е добро познато се надевам дека ќе им се допадне оваа апликација“, вели Ајал Бала, задолжен за иновативни решенија во Mastercard.
Оваа метода за проверка на идентитетот не е совршена и може лесно да злоупотреби. Од таа причина, Mastercard ќе побара од корисниците при правењето selfie да намигнат на камерата, за да се добие дополнителна заштита.