Mastercard за 3,2 милијарди долари ја купува данска Nets Group

33

Компанијата Mastercard купува удел од 3,2 милијарди долари во данската компанија за плаќање во реално време, Nets Group, пишува Financial Times.

Ова, како што се наведува, е најголема трансакција на Mastercard, а има за цел да ја користи инфраструктурата за плаќања во реално време меѓу банкарски сметки во Европа, како и користење дополнителни апликации и услуги.

Се верува дека на овој начин Mastercard ќе ја зацврсти својата позиција на пазарот на нордиските земји.

Фото: Pixabay