Мате Римац откри кој е негов автомобил од соништата

209

Во студиото на Top Gear гостуваше Мате Римац. Римац беше гостин на Џек Рикс заедно со некои од најсилните автомобилски имиња во светот – Кристијан фон Коенигсег, Гордон Мареј и Џон Хенеси.

Меѓу другото, водителот ги прашал кои се нивните автомобили од соништата, а одговорот на Римац изненади многумина.

„Јас сум ‘petrolhead’“, рече тој, додавајќи дека 99 отсто од неговите автомобили од соништата всушност се на бензин. Римац како омилен автомобил од соништата го именуваше BMW M3 E30. Тој исто така додаде дека има еден во својата колекција и дека според него е еден од најубавите автомобили досега.

Фото:Facebook