MATE X – електричен велосипед на склопување

673

Фото: Indiegogo

Тим од Копенхаген, Данска, составен од десет луѓе креираше електричен велосипед на склопување пред две години. Mate Bike веќе имаше две успешни кампањи на платформата Indiegogo, со дури 7.000 поддржувачи.

Сега тимот доаѓа со подобрена верзија наречена MATE X, а на само пет дена пред истекот на третата кампања, веќе имаат собрано неверојатни 2.470.214 долари, а првично побарале 50.000 долари.

Подобрениот модел доаѓа и со пет нови бои. Освен црната сега има и металик бела, темно портокалова, ванила, магента и маслинесто зелена. MATE X сега има и појак мотор од 750W во комбинација со импресивна батерија од 48V, како и подобрен Tektro систем за кочење за побрзо и поефикасно застанување.

MATE X се склопува во три едноставни чекори, па така има димензии од само 91 сантиметар висина и 76 сантиметри ширина, што овозможува лесен транспорт. Стартапот има продадено приближно 10.000 вакви велосипеди, а бројката по последната кампања се очекува во голема мера да ја надмине таа цифра.