Математичар од Србија изработи соларен панел со лименки од пиво

193

solaren panel od limenki

Дарко Миличевиќ, професор по математика и информатика од Параќин, Србија, направи експеримент за искористување на соларната енергија со помош на алуминиумски лименки од пиво, пишува Блиц.

Оваа идеја, преку којашто може да се обезбеди дополнително затоплување на домот, Миличевиќ ја нашол на популарниот канал YouTube.

solaren panel limenki

Во панелот се сместени 11 лименки во четири реда. Системот за затоплување функционира така што студениот воздух влегува низ отворот на панелот, а сончевите зраци го загреваат во добро изолиран систем. Топлиот воздух влегува во домот преку посебен отвор во ѕидот и тоа од долната страна бидејќи на тој начин полесна се загрева просторијата.

“Панелот е мал бидејќи во прашање е експеримент и нема сила да загрее една соба, но функционира, па еве идеја како љубителите на пиво можат паметно да ја искористат амбалажата. За загревање на куќата потребно би било да се направи панел од 20 квадрати“, изјави Миличевиќ.

solaren panel od limenki farba

Панелот е изработен од иверка, стиропор за изолација, боја, силикон…

“Не е скапо бидејќи од материјалите најскап е плексигласот за заштита. Тој чини околу 2.500 динари (20 евра) и се става на предната страна за да го задржи топлиот воздух во системот. Во трошоците не се пресметани лименките пиво што ги испив, така што овој систем за греење чини околу 60 евра без работна рака“, додава тој.

solaren panel limenki namesten

ФОТО: Facebook