Математичка апликација доби инвестиција од 23 милиони долари

60

Хрватската компанија Photomath, којашто стои за мобилна апликација што решава математички задачи, примила инвестиција од 23 милиони долари. Зад инвестицијата стои американскиот фонд Menlo Ventures, пренесува Bug.hr.

Досега Photomath собрал околу 40 милиони долари преку инвестиции, а основачите во овој момент се малцински сопственици. Дел од сопственоста им припаѓа и на вработените во компанијата. Во овој момент имаат околу 100 вработени, а планираат раст од над 100%, кога станува збор за човечките ресурси до крајот на годината.

Photomath е апликација што ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички равенки.

Фото: Photomath