Mattel: Преку ThingMaker децата сами ќе си печатат играчки во домашни услови

40

mattel printer

Американскиот производител на играчки Mattel на саемот за играчки во Њујорк го претстави 3D принтерот ThingMaker, којшто ќе им овозможи децата сами да си печатат играчки во домашни услови, пишува Tech Crunch.

Овој принтер функционира со помош на апликација, којашто ќе им помогне на децата сами да дизајнираат играчки. Апликацијата е компатибилна со сите стандардни 3D принтери.

Откако младите и креативни дизајнери ќе ја осмислат својата играчка, следниот чекор е безжично поврзување со принтерот, којшто е целосно безбеден за користење.

Од Mattel најавуваат дека овие принтери ќе бидат достапни на пазарот оваа есен, а ќе може да се купат по цена од 300 долари.