Фото: Matterport
Технолошката компанија од Калифорнија Matterport креира 3D камера што ја скенира внатрешноста на домовите, а софтвер ги обработува фотографиите и креира виртуелна тура низ домот. Камерата секој простор го претвора во 3D модел базиран на виртуелна реалност.
Корисникот може да го разгледа просторот, користејќи ја технологијата на виртуелна реалност што ќе им помогне на оние кои ги продаваат, купуваат, изнајмуваат или промовираат своите простории и имот (куќи, станови, ресторани, канцеларии).
Камерата за половина час може да скенира 100 метри квадратни, а за нејзиното ракување не е потребно посебно знаење или дополнителна опрема. Скенирањето на просторот се одвива автоматски и може да се контролира преку соодветна апликација за iPad уреди.
Скенираната содржина се обработува во облак и корисникот добива 3D модел и 2D фотографии во висока резолуција. Камерата чини 3.600 долари.