МБА: Дел од услугите со картичките VISA и MasterCard се недостапни, средствата на граѓаните се сигурни

97

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

„Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали“, велат од МБА.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.