МБА и банките ќе работат на изнаоѓање начин за отворање сметка без физичко присуство

51

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 81-ва седница го прифати и заклучокот според кој Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки да изготви урнек за отворање на трансакциска сметка за приматели на социјална и детска заштита без присуство во банка.

Станува збор за оние лица кои не се во можност физички да пристапат до банката, истото да го реализираат преку овој урнек на полномошно за отварање на трансакциска сметка и/или за поврзување на истата со социјалниот број и за користење на средства од парични права од социјална и детска заштита, кое Народната банка и Министерството за финансии треба да потврдат дали е усогласено со релевантната законска и подзаконска регулатива.

Согласно заклучоците, Македонската Банкарска Асоцијација потребно е да достави информација за деловните банки кои имаат склучено договор со Македонска Пошта, дали овие договори се применливи за исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, како и да информираат кои банки планираат да склучат договор со Македонска пошта за вршење исплата на овие корисници, преку пошта со достава на средствата до нивниот дом.

Фото: Freepik