Ланецот за брза храна McDonald’s планира да воведе технологија со вештачка интелигенција во делот за нарачки, заменувајќи ги вработените.
Според компанијата промената ќе придонесе за побрза и поефикасна услуга.
McDonald’s ја имплементира новата технологија со помош на стартапот Apprente, којшто го купи пред неколку дена, пишува BBC.
Ланецот ресторани планира да го прошири својот новооформен технички тим McD Tech со тоа што ќе вработи повеќе инженери и научници.
McDonald’s претходно инвестираше во технологија којашто автоматски може да ги менува менијата, во делот за нарачки од автомобил, во зависност од времето и други фактори.
Фото:Pexels