McDonald’s го затвора популарниот ресторан на Times Square

56

McDonald’s го затвори својот култен ресторан на 42-та улица на Times Square во Њујорк, и како што велат од компанијата, ова затворање е планирано уште пред пандемијата, пренесува CNN.

Минатата година, McDonald’s отвори локација со три ката на 45-та улица и Бродвеј, нарекувајќи го новиот McDonald’s Times Square. Таа локација може да прими околу 170 луѓе, а има и дигитални киосци за нарачка.

“Затворањето на локацијата на 42-та улица ни овозможува да се фокусираме на давање услуги на клиентите на неколку улици понатаму кај новиот водечки McDonald’s на 45-тата и Бродвеј“, соопштија од McDonald’s.

Компанијата има околу 38.700 ресторани во светот, а оваа година планира да додаде уште 1.000.

Фото: Pixabay