McDonald’s ќе плати казна од 26 милиони долари

32

Ланецот на ресторани за брза храна, McDonald’s се сложи да плати 26 милиони долари откако неколку години наназад вработени во Калифорнија се жалеа дека не се доволно платени, пренесува National public radio.

Првата тужба е поднесена во 2013 година, а вработените најчесто се жалеле на тоа што не им бил платен прекувремениот труд, загарантираниот минималец, забраната за користење пауза, неисплаќање за дополнителни услуги и слично.

“Иако и понатаму веруваме дека нашата пракса на вработување е во рамки на законите што владеат во Калифорнија, одлучивме да ја решиме тужбата, подигната на почетокот на 2013 година“, велат од McDonald’s.

Фото: Pixabay