McDonald’s воведе бургер по хрватски рецепт

22

hr

Американскиот ланец за брза храна McDonald’s, во рестораните во Хрватска воведе HRburger, прв бургер по хрватски рецепт. Бургерот се состои од темно печиво, говедско месо зачинето со црвен пипер, салата, млад кромид и рен, а се служи со млади компири.

“Долго размислувавме како да им се заблагодариме на гостите за верноста што трае повеќе од 20 години. McDonald’s во Хрватска веќе со години е синоним за вкусна храна и љубезна услуга, но во тој период стана и значаен дел од заедницата. Притоа мислиме на бројните проекти преку кои дававме придонес во заедницата, а сега одлучивме да направиме чекор напред. Им дадовме признание на популарните хрватски вкусови, а првите реакции на гостите покажуваат дека направивме одличен потег”, вели Павел Павличек, директор на McDonald’s Хрватска, пишува Пословни дневник.