McLaren Elva – новиот модел во Ultimate серијата на брендот

45

По P1, Senna and Speedtail, како проширување на Ultimate серијата, McLaren го откри новиот Elva. Спидстерот со отворен покрив претставува најлесниот модел на McLaren Automotive досега, а истовремено е и првиот кабриолет во серијата.

Основните технички состојки се познати, но онаму каде што Senna беше дизајниран исклучиво за патеката, Speedtail за најголемата брзина, новиот Elva е дизајниран специјално за отворен пат, најверојатно за сончеви денови.

Самото тело на Elva е уникатно, со дизајн кој ја следи моменталната естетика на McLaren, но го носи во нова крајност во отстранувањето на покривот, страничното и ветробранското стакло.

За да ја задржи кабината мирна при големи брзини, McLaren дизајнираше систем за девијација на воздухот, наречен Active Air Management System (Активен систем за управување со воздухот).

Прочитајте повеќе на Avtoplus.mk