Measure Tool – нова алатка од Google што мери растојание помеѓу било кои две локации

24

Google Earth воведе нова алатка со којашто на корисниците им се овозможува да ја измерат далечината помеѓу било кои две локации на мапата, како и мерење на површината на сите области на Земјата, пишува The Verge.

Со новата опција наречена Measure Tool корисниците на Google Earth можат да измерат оддалеченост помеѓу било кои двe точки на Земјата, на пример можат да дознаат колку нивната куќа е оддалечена од големите градови или Северниот пол.

Корисниците ќе може да мерат и регии, како на пример, паркот пред нивната куќа. Односно, можно е да се измерат границите на било која регија, па така со алатката може да се мерат на површините на парковите, градбите, државите или градови, како и други неправилни форми.

Од Google информираат дека опцијата Measure Tool била најбарана меѓу корисниците.

Новата алатка за мерење е достапна на Google Chrome, како и за Android, додека потребните надградби за корисниците на iOS ќе бидат достапни наскоро.

Фото: Google