Мебел направен од рециклирани кабли од мостот Golden gate

24

Фото: Facebook

Американската компанија Standard of history користи необични рециклирани материјали за производство на мебел.

Станува збор за стари кабли што претходно биле поставени на култниот мост Golden Gate во Сан Франциско. Компанијата успева да ги вметне овие стари метални кабли во функционални уметнички дела. Идејата на компанијата е да се зачува неверојатната историја на мостот, а во исто време да се направи и нешто корисно, пишува Tree hugger.

Компанијата изработува најразлични предмети, скулптури, мебел, ламби и слично, а има можност и купувачот сам да си одбере дизајн во којшто ќе биде вметната “душа“ од Golden gate.

На пример, оригинална маса, што е комбинација од кабли со висококвалитетно дрво, чини 18.500 долари.