Мебелот на Технокооп го освојува пазарот во Холандија

52

tehnokoop

Македонската компанија за производство на мебел Технокооп се претстави на Саемот за мебел во Утрехт, Холандија и со тоа е првата македонска фирма која презентираше свои производи на овој пазар.

„На домашниот пазар сме веќе 25 години, па оттаму и пласирањето на нашите производи на светскиот пазар беше логичен чекор. Пазарот во Холандија е специфичен, потрошувачите имаат одредени барања и знаат да го ценат квалитетот а квалитетот што го нуди Технокооп е на ниво на повеќето европски производители. Досега сме пласирале наши производи на локалните пазари но овој чекор е од особено значење за нас како компанија” изјави Тони Божиновски, директор на компанијата Технокооп.

Саемот на мебел во Утрехт е перманентна поставка во Саемската зграда за големопродажба која официјално се отвора на 15 септември годинава, но трае наредните 3 години.

Интересот на холандските потрошувачи за македонски производи е доста голем и се запознаени со нашиот пазар и производи. Квалитетот кој што Технокооп ќе го понуди на своите производи е најголемиот адут со кој планира да го освојува пазарот. Од својата палета на производи, Технокооп ќе се претстави со гарнитури, кујни и елементи за дневна соба.