Мед и цимет – совршена мешавина за долг и здрав живот

113

med

Медот и циметот имаат голема лековита моќ, без разлика на тоа дали се користат посебно или заедно. Мешавината од мед и цимет, како што покажуваат бројни истражувања, е своевиден еликсир.

Оваа мешавина го чува здравјето, дава енергија, младост и плодност. Источните народи медот и циметот ги сметаат на најблагородни дарови на природата и овој еликсир со векови ги користат за лечење на скоро сите болести. Научните истражувања покажуваат дека медот и циметот во комбинација ја олеснуваат регенерацијата на организмот, го зголемуваат имунитетот и го штитат од различни заболувања.

cimet

Циметот се добива од стеблото на дрвото Cinammonum zeylanicum, кое расте во Азија и најчесто се користи како зачин. Се користи за лекување на настинки, грчеви, проблеми со варењето, психички проблеми и тонификација на телото, а етеричните масла од цветот на ова растение се користат за лечење на слаба циркулација и реума, целулит, стомачни проблеми, инфекции и слично.

Фото: Pexels