Медали за розе вината на Тиквеш на светскиот натпревар Le Mondial du Rosé 2016

111

tikvesНа престижниот светски натпревар на розе вина Le Mondial du Rosé 2016, што се одржа во Кан, Франција, винарската визба Тиквеш освои два сребрени медали за Александрија куве и Розе Класик од бербата 2015-та.

Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија.

FOTO_Alexandria Cuvee_rozeFOTO_Tikves_roze

“Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две висококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на розе вина е дотолку поголемо ако се знае дека најголемиот број наградени вина потекнуваат од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. Во светот на виното, вбројувањето во тоа друштво е најдобрата можна препорака за квалитетот на нашите вина и е доказ дека Тиквеш располага со знаење и технологија кои и овозможуваат да произведе вина со светски квалитет“, вели генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски.