Медали за вината на Тиквеш во Кина

30

FOTO_Tikves medali_CWS 2016

За првпат, три врвни вина на Тиквеш освоија медали на најголемиот и од страна на купувачите најценет вински натпревар на Азискиот континет, што се одржува во Хонг Конг – Кина. На годинешниот China Wine & Spirits 2016, во конкуренција од над 5.000 глобални вински брендови, златни медали освоија црвеното тероар вино Барово 2013-та и белото вино Александрија куве 2015-та, а црвеното вино Александрија Куве 2014 доби сребрен медал.

Карактеристично за овој реномиран вински натпревар е тоа што медалите за најдобрите вина на натпреварот ги доделуваат вински судии кои се претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјалнизирани продавници и трговски ланци во Кина, кои точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар.

„Остваривме навистина одличен успех во Кина. Фактот што на овој натпревар изборот на наградените вина го прават оние што ги прават и нарачките нѐ охрабрува дека овие освоени медали ќе имаат големо значење во зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ Тиквеш, Игор Илиевски, напоменувајќи дека очекува дека овие награди „ќе ги подотворат вратите на кинескиот пазар и за останатите квалитетни македонски вина“.

Двоен златен медал за Домен Лепово Гранд Куве

Македонското суперлуксузното вино Гранд Куве, берба 2013-та, произведено во винарницата Домен Лепово, се закити со двоен златен медал на China Wine & Spirits 2016. Со ваквото признание, ова вино и брендот Домен Лепово, дефинитиво  се пробиваат меѓу вината и производителите од најпознатите светски вински региони во Европа и Америка кои ја сочинуват винската елита и за кои по правило се „резервирани“ највисоките трофеи на престижните светски вински натпревари.