Медена земја ќе добие наградата од три милиони денари

114

Екипата на документарниот филм Медена земја, во знак на признание за меѓународниот успех, ќе добие награда во висина од три милиони денари.

Ова го одлучи Владата на седмата редовна седница за оваа година.

Документарниот филм Медена земја доби две номинации за Оскар и тоа за најдобар документарен и најдобар интернационален филм.

Иако екипата од САД се врати без златната статуетка, таа постигна огромен успех не само за македонската кинематографија, туку за промоција на вистинските вредности во светот.

Фото: Facebook