Медијапански високо-сјајни плочи: Спој на квалитет и економична цена

952

Често се случува од посетителите во нашиот изложбен салон, кои се во потрага по вистинската комбинација за нивниот ентериер, да добиеме пофалби за нашата обемна понуда на материјали и производи. Од економичната оплеменета иверка со меламинска фолија, до ексклузивната оплеменета иверка со високо-сјајна ламинатна фолија и пластифициран медијапан. Кога сѐ ќе се собере, се создава избор на повеќе од 250 декори кои постојано се обновуваат и зголемуваат.

glavna-520

Оттаму, деновиве донесовме и претставивме уште еден тип на материјал со своја колекција на, засега, 12 декори. Тоа се медијапански плочи оплеменети со ПВЦ фолија од познат европски производител. Иако плочите се двострано оплеменети, сепак, само едната страна ја претставува декорот со висок сјај, додека другата страна (опачината) е балансирана со бела фолија со софт структура. Како и високо-сјајните ламинатни иверки, овие плочи најчесто се користат за лице или вратички на кујни, комоди, врати на шибер системи и друг тип на мебел.

Медијапанското јадро на плочите им дава извонредна цврстина и стабилност и се лесно обработливи. За секој декор имаме и соодветна АБС трака со дебелина од 1 мм за кантирање на саканите кантови. Декоративната ПВЦ фолија има отпорност на сува топлина до 75°C и влажна топлина до 70°C. Површината може да се чисти со влажни крпи или лесни средства за чистење.

slika-2-520

Со овој потег успеавме да покриеме уште една ниша при изборот на материјал за лице на Вашиот мебел. За да излеземе во пресрет на Вашето барање, успеавме да ја вкрстиме економичната цена на оплеменетите иверки со високиот сјај од ламинатните иверки и цврстината на медијапанот.

Претставивме понуда која ќе Ви помогне да ја остварите визијата за Вашиот совршен ентериер.

vasa-vizija-footer-520