Мегапроект од осум милијарди евра ќе го смени ликот на Атина

256

Атина ги почна работите на изградбата на своите први облакодери и започнување на проектот Hellinikon, опишан како најголемиот развоен и инвестициски проект во историјата на Грција.

Современиот комплекс ќе се наоѓа на местото на поранешниот меѓународен аеродром во Атина, на површина од 620 хектари.

Тој ќе се реализира на местото на некогашниот меѓународен аеродром Hellinikon и Lamda Development планира да го претвори просторот од 620 хектари во комплекс од јавни паркови, луксузни резиденции, хотели, спортски објекти, ексклузивни продавници, казино и марина за јахти. Вкупната вредност на огромниот проект, којшто треба да биде довршен за три и пол години, се проценува на осум милијарди евра.

Фото: Printscreen YouTube