По повод одбележување на Светскиот ден на млекото, компанијата Meggle во Босна и Херцеговина подели 35.000 литри млеко на рударите во земјата, пишува порталот Oslobodjenje.ba.
Во рамки на акцијата “Црно и бело злато“, млекарницата Meggle им подари 35.000 литри млеко на рударите во сите 13 активни рудници за јаглен во Босна и Херцеговина.
“Со оваа акција сакаме да го насочиме вниманието на јавноста кон оваа комплицирана професија, која ја извршуваат копачите на црното злато во нашата земја“, велат од Meggle.
Млекото има голема улога за здравјето на рударите. Освен што се користи како противотров којшто ги неутрализира штетните материи, млекото содржи и корисни супстанци.