
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предложи ослободување на рекордни 300 до 400 милиони барели нафта од стратешките резерви на светскиот пазар, што би бил најголемиот таков потег во историјата на агенцијата, со намера да се намалат глобалните прекини во снабдувањето со енергија поради војната на Блискиот Исток.
Можно е конечната одлука за нафтата да биде донесена уште денес, објавува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Јапонија објави дека самостојно ќе започне со ослободување на дел од своите резерви од 16 март, додека Германија потврди дека делумно ќе ги ослободи своите национални резерви.











