Меѓународната агенција за енергија очекува помал суфицит на светскиот пазар на нафта во 2026 година

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денес ги намали своите проекции за глобален суфицит на снабдување со нафта во 2026 година и сега очекува тој да изнесува 3,84 милиони барели дневно (bpd), додека во ноември проценката за суфицит беше 4,09 милиони барели дневно.

Проценката за суфицит на глобалниот пазар на нафта за оваа година е исто така малку ревидирана надолу, за прв пат од февруари, објавува Блумберг.

ИЕА наведува дека падот на проекциите се базира на комбинација од фактори, вклучувајќи ја одлуката на картелот ОПЕК+ да одложи понатамошно зголемување на производството, послаб раст на снабдувањето од земји надвор од организацијата и малку посилна прогноза за светската побарувачка, поттикната од подобри макроекономски перспективи и трговска активност.