Меѓу 100-те најбогати во светот – само 14 жени

181

Од 100-те најбогати во светот, само 14 се жени, а само две од нив не стекнале богатство преку наследство или развод.

Листата на милијардери која Форбс ја објавува секоја година покажува кои се најбогатите луѓе во светот, но и како се распределува богатството меѓу половите.

Од 100-те најбогати во 2021 година, само 14 се жени, а само две од нив не стекнале богатство преку наследство или развод, пишува Ал Џезира Балканс.

Наследничката на францускиот L’Oreal, Франсоа Бетенкор Мајерс, се најде на врвот на листата за минатата година, преземајќи го водството од најбогатата жена во 2020 година, наследничката на Walmart, Алис Волтон.

Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на Амазон, Џеф Безос, сега е третата најбогата жена во светот.

Нова на листата на најбогати жени во светот во 2021 година е Миријам Аделсон, која наследи богатство од околу 38 милијарди долари, по смртта на нејзиниот сопруг, извршен директор и претседател на Лас Вегас Сендс, Шелдон Аделсон.

Доминација на милијардери од Кина и Хонг Конг

Жените од Кина и Хонг Конг доминираат на листата на најбогати милијардери кои самите се стекнале со богатство.

Најбогатата од нив е на 89. место на листата на милијардери. Жонг Хуијуанге директорка на производителот на лекови Hansoh Pharmaceutical. О

Ву Јаџун од Пекинг (100. на листата) се збогати со основањето на компанијата за недвижнини Longfor Properties, лоцирана во Хонг Конг, со нејзиниот тогашен сопруг.

Таа управува со компанијата од разводот.

Три други милијардерки од Кина и Хонг Конг се збогатија со производство на екрани за паметни телефони и други делови за компании како Samsung, Microsoft, Apple и Huawei.

Единствена на врвот на листата на жени кои своето богатство го стекнале сами, а не е од Кина и Хонг Конг, е Русинката Татјана Бакалчук. Во 2004 година, таа ја основа е-продавницата Wildberries.