Меѓу 30-те најголеми производители на автомобили, само шест се од Европа

30

Меѓу 30-те најголеми производители на автомобили по пазарна капитализација, дури осум се кинески, пет се јапонски, три се индиски и еден е од Виетнам, додека само шест се од Европа.

Првото место, и некако очекувано, го зазеде Тесла. На списокот „companiesmarketcap“ имаше уште четворица американски производители.

Позициите на првите пет најголеми производители на автомобили по пазарна капитализација изгледаат вака:

1. Тесла (САД) 777,65 милијарди долари;

2. Тојота (Јапонија) 234,36 милијарди долари;

3. Порше (Германија) 97,66 милијарди долари;

4. BYD (Кина) 96,58 милијарди долари i

5. Mercedes Benz (Германија) 76,46 милијарди долари.

На високото шесто место е производителот на автомобили од Виетнам, VinFast Auto, со пазарна капитализација од 68,49 милијарди долари.

По него следат BMW и Volkswagen на седмото и осмото место.

Интересно е тоа што Hyundai (Јужна Кореја) е само на шеснаесеттото место со пазарна капитализација од 33,23 милијарди долари.

Последното место му припаѓа на кинескиот производител на автомобили Geely со капитализација од 12,63 милијарди долари.

Индијците се на петнаесетто, седумнаесетто и дваесет и првото место.

Шведскиот Volvo е на 35-то место, со пад за едно место со капитализација од 11,06 милијарди долари.