Меѓународен симпозиум за земјоделство храна во Охрид

26

Од денеска до петок во Охрид ќе се одржува вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна на кој е најавено учество на истражувачи и експерти од Македонија и странство, пишува Миа.

На симпозиумот се очекува да се разменат идеи и искуства за разни теми од областа на земјоделството и производството на храна и да се зајакне соработката меѓу академскиот кадар, бизнис секторот и надлежните институции.