Мексиканците работат најмногу, а Германците најмалку

26

040713_WEB_c_Made_In_Mexico_t800_hf503295fd5a3915fbc1260018fc4cde363a44d66Најмногу време на работа поминуваат Мексиканците, по нив следат работниците од Јужна Кореја, додека најмалку работат Германците и Норвежаните, покажуваат резултатите на Светскиот економски форум (WEF).

Вработените Мексиканци во просек годишно поминуваат 2.237 часа на работа, додека оние во Јужна Кореја работат 2.163 часа во годината.

Грците поминуваат 2.060 часа на работа годишно, Чилеанците 2.015, додека Русите имаат 1.980 работни часа во текот на годината. Во истата група спаѓаат и Латвијците со 1.928 часа годишно, Полјаците со 1.918 часа, Унгарците со 1.880, Израелците 1.867 и Естонците со 1.866 просечно работни часа за една година.

Според извештајот, најмалку работни часа годишно имаат Германците – 1.363. На второ место во оваа група е Норвешка со 1.408 работни часа, по која следуваат Холандија со 1.421 часа, Данска каде просечниот вработен работи 1.438 часа и Франција со 1.489 работни часа годишно.

Тука спаѓаат и Словенија со 1.550 часа, Белгија и Швајцарија со 1.576 часа, Шведска 1.607 часа и Австрија со 1.629 работни часови годишно.

Иако Германија спаѓа во групата со најмалку работни часови, ефикасноста на работењето е и примањата се прилично големи, се потенцира во извештајот на WEF.