Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора и ФФМ

40

Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност.

На настанот по тој повод ќе присуствуваат Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски.