Memphis Meats – чисто месо добиено од матични клетки на животни

39

meso-od-laboratorija

Фото: Memphis Meats

Memphis Meats е американски старт – ап што минатиот месец за прв пат претстави месо што е добиено без да се измачуваат животни.

“Возбудени сме и сакаме да го претставиме првото пилешко и месо од патка што не бара одгледување на овие видови на животни. Пилешкото и месото од патка го зафаќаат централното место во многу култури во светот, но конвенционалниот начин на одгледување живина создава огромни проблеми, влијае на благосостојбата на животните и на здравјето на луѓето. Ние веруваме дека овој значаен технолошки напредок ќе придонесе за решавање на некои од најважните прашања поврзани со одржливоста во ова време“, вели Ума Валети, соосновач и главен извршен директор на Memphis Meats.

Тие користат матични клетки од вистински животни за да може да го создадат месото. Може да го насочат растот на клетките и да го одредат нивото на масти. Во исто време, корисникот е сигурен дека месото што го јаде е заштитено од различни видови на антибиотици, патогени и други штетни состојки.

Тимот очекува намалување на трошоците за производство, а планираат првото месо од ваков вид да го дојде до потрошувачите во 2021 година.