Менаџерите во Хрватска со 130% повисоки плати од просечната

53

kuni

Просечните плати на менаџментот во Хрватска се околу 130% повисоки од просечната плата. Според податоците на Хрватското здружение на менаџери и претприемачи, во Хрватска има околу 20.000 менаџери на сите нивоа, чија просечна плата е околу 1.600 евра. Понискиот менаџмент заработува околу 1.000 месечно, но има извршни директори со плати од 6.700 до 26.700 евра, кои се малку на број и работат главно за големи, странски компани.

Според Државниот завод за статистика, просечната плата во мај изнесувала 670 евра.

“Во платите на топ менаџментот секогаш е најважно да се платат одговорноста и ризикот што ги презема менаџерот, но се води сметка и за социјалните околности, за да не биде загрозена стабилноста на општеството”, вели макроекономистот Младен Ведриш за Нови лист.

Ведриш додава дека не е најважно колку пати највисоката плата во државата е повисока од најниската, туку колку изнесуваат најниските плати на работниците и дали може да се живее од нив.