Менаџерски промени на раководните позиции во Кроациа осигурување Живот и Неживот

504

Кроациа осигурување – Живот во првото полугодие од годинава оствари раст на приходите од 14%, со што го продолжи растечкиот тренд регистриран во последните години. Минатата година Корациа осигурување – Живот има апсолутен раст на премијата поголем од сите останати компании во овој домен заедно.

Откако Вилма Учета Дузлевска дојде пред осум години на позицијата, двојно го зголеми капиталот или 140% зголемување над законскиот минимален цензус и тоа низ процес на органски раст и како резултат на акумулирани добивки од работење. Денес, Кроациа Осигурување – Живот има средства под управување над 2,9 милијарди денари, единствена на осигурителниот пазар во Македонија, во однос на 0,5 милијарди денари пред осум години.

По сите овие резултати таа преминува во Кроација осигурување Неживот. Менаџерски промени на раководните позиции на брендот Кроациа осигурување Живот и Неживот, беа очекувани.

На местото на Учета Дузлевска, раководната позиција на Кроациа осигурување Живот ја презема Маја Станковска Костова, која е повеќе од 10 години дел од семејството на Кроациа и доаѓа од позиција Директор на поддршка на продажба и едукација.

Едно е сигурно, а тоа е дека брендот Кроациа Осигурување е во женски раце.