Менхетен добива самоодржлив пловечки кампус

31

Пандемијата со коронавирусот го внесе човештвото во нова ера на одржливост и еколошка свест, а компанијата 3deluxe одлучи да направи проект во Менхетн кој ги истакнува токму овие вредности.

Менхетн ќе добие самоодржлив пловечки и еколошки кампус кој ќе генерира енергија и вода за сопствените потреби.

“После шокантната пандемија и социјалната поларизација во последниве години, постои желба за позитивна промена. Време е архитектурата и урбанизмот да изберат поамбициозен пристап за хуманизација на нашиот животен простор“, вели извршниот директор на 3deluxe, Дитер Брел.

Креаторите на платформата веруваат дека ваквите градби мора да даваат онолку колку што земаат, така што пловниот кампус ќе ги користи најновите технологии за прочистување на воздухот и ќе има ветерници, фотоволтаични системи, офшор електрани и биореактори за да се осигураат минимални емисии и целосно самостојна одржливост. Ова значи дека платформата ќе ја произведе целата неопходна енергија и вода и нема да земе ништо од планетата што не може потоа да го врати.

Покрај тоа, платформата е заштитена од покачување на нивото на морето, што е еден проблем помалку. Во иднина, ако луѓето од Менхетн се решат да сакаат повеќе простор, структурата може да се прошири, а тоа е одлична вест за веќе пренатрупаниот град.

Фото: Facebook