Ментални вештини кои се неопходни за да се биде лидер

229

За да бидете добар лидер, не е важно само добро да ја знаете работата, важни се и некои други вештини.

Секој добар лидер треба да ги има овие пет вештини:

Три типа на рефлексија

Првата алатка ги одразува вашите сопствени искуства. Втората ги рефлектира туѓите преку книги, различни медиуми или учење. Третата е способноста инстинктивно да се комбинираат двете за да се дојде до најмудрата одлука.

Треба да бидете способни да размислите за искуствата на другите луѓе за да ги донесете најмудрите одлуки. Оние што учат од другите се оние кои ќе одат далеку во бизнисот.

Како лидер, ваквото размислување ви овозможува да ги оставите грешките зад себе,  или да ја направите најдобрата одлука врз основа на нешто што некој друг го научил. Тоа е мудрост.

За некои, лидерството им оди природно од рака, додека некои станаа најдобри лидери благодарение на учењето и искуствата од другите.

Саморефлексија

Саморефлексијата е начинот на кој стекнувате мудрост од сопствените искуства. Недостатокот на саморефлексија е начинот на кој бесконечно ги повторувате грешките.

Саморефлексија значи да го оставите егото настрана и искрено да гледате како се вклопувате во моменталната слика. Кои се вашите јаки страни? Каде може да се подобрите? Одговорете искрено на овие прашања, а потоа направете нешто во врска со тоа.

Ова е многу тешко за нарцисоидни или арогантни луѓе, поради што овие особини никогаш не се наоѓаат кај најдобрите лидери.

Слушање на сопствената интуиција

Еден добар лидер ја прегледува и анализира секоја негова одлука. Анализата користи достапни информации и интуиција.

Размислете како обичен работник

Повеќето добри лидери го започнаа својот бизнис како обични работници. Тие беа емпатични, го гледаа тогашниот водач и учеа од него. Тие ја завршија својата работа најдобро што можеа.

Откако работникот ќе стане лидер, тој знае како мислат оние што се под него и може да ги мотивира и да ги води. Ќе ја искористи сета своја сила за да го стори тоа бидејќи најдобро ги разбира затоа што бил на истото место. Тој ќе ги види работите од нивна гледна точка и ќе цени сè што прават. Eмпатијата е клучна за добро лидерство.