Мерцедес-Бенц најавува преминување кон целосно автоматски менувачи

35

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ соопшти дека ќе престане да произведува возила со мануелен менувач во 2023 година.

Префрлувањето на автоматски менувачи ќе се одвива на специфична основа за моделот додека компанијата се префрла на нови генерации возила, изјави денеска портпарол на компанијата со седиште во Штутгарт.

Според тоа, Мерцедес-Бенц „постепено ќе престане да нуди мануелни менувачи“.

Моментално, моделите во А- и Б-класата, како и CLA, сè уште се достапни со мануелни менувачи.