Mercedes-Benz ќе гради втора фабрика во Унгарија, ќе инвестира една милијарда евра

21

mercedes

Германскиот автопроизводител Mercedes – Benz објави дека ќе гради втора фабрика во Унгарија до крајот на 2020 година. Ќе инвестира една милијарда евра, а ќе бидат отворени 2.500 работни места.

Mercedes веќе има една фабрика во унгарскиот град Кечкемит, а во новата фабрика планира да произведува 150.000 автомобили годишно, пишува Hungary Today.

Од компанијата засега не прецизираат кои модели ќе се произведуваат во втората фабрика. Од компанијата велат дека ова ќе биде прв погон каде ќе можат да се составуваат и компактни модели и седани.