Mercedes – Benz ќе произведува електрични комбиња од следната година

33

30330032

Фото: Daimler

Германскиот производител на автомобили Mercedes – Benz, во рамки на автомобилската групација Daimler, следната година ќе ја прошири својата палета на производи со електрични комбиња, стои во официјалното соопштение.

Во 2018 година гигантот ќе го престави новиот eVito модел, а следната година ќе ја одбележат уште две нови електрични варијанти – eSprinter и Citan. Mercedes-Benz Vans за реализација на овој проект ќе инвестира 150 милиони евра.

eVito ќе може да помине приближно 150 километри со едно полнење и ќе развива максимална брзина од 120 километри на час. За да се наполни целосно ќе бидат потребни шест часа, а неговата носивост ќе изнесува 998 килограми.