Mercedes-Benz минатата година продаде четири отсто помалку возила

Германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес-Бенц продаде помалку возила минатата година, со послаби резултати во Кина.

Компанијата продаде 2,39 милиони автомобили и комбиња минатата година, четири отсто помалку од 2023 година.

Падот на продажбата беше донекаде ублажен во четвртиот квартал, благодарение на благото закрепнување на кинескиот пазар, пренесува Мина.

Продажбата на лични автомобили во Кина падна за седум отсто минатата година, и покрај закрепнувањето во четвртиот квартал кога пораснаа за три отсто.

Кина е најважниот пазар за сите водечки германски производители на автомобили, но тие неодамна се борат со жестока домашна конкуренција, особено во секторот на електрични возила, и трговски тензии.