Mercedes-Benz под очекувањата на почетокот на годината

9

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц оствари приход од 35,9 милијарди евра во првиот квартал, што е за 4,4 отсто помалку од истиот период лани.
Падот се припишува на проблемите во синџирите на снабдување и промените во опсегот на модели на возила резултатите се полоши од очекувањата на пазарот.

Добивката пред камати и даноци падна за 30 отсто на 3,86 милијарди евра. Нето добивката на ниво на групација изнесува 3,03 милијарди евра, што е за околу четвртина помалку од истиот квартал лани, се сумира во деловниот извештај на германската новинска агенција dpa.

Mercedes-Benz во 2023 година оствари 14,5 милијарди евра нето добивка, што е за 1,5 отсто помалку од претходната година. Падот се припишува на високата инфлација и проблемите во синџирот на снабдување. Лани, пак, приходите се зголемени за два отсто, на 153,2 милијарди евра.

За оваа година групацијата очекува приходите да останат на приближно исто ниво како и минатата година.