Mercedes ќе го продолжи работното време поради зголемена побарувачка

28

mercedesКомпанијата Daimler објави дека поради големата побарувачка за Mercedes S класа ќе го зголеми производството на оваа луксузна лимузина. За да им излезат во пресрет на купувачите, Mercedes од 2014 година ќе го продолжи работното време на вработените во фабриката Зинделфинген во Германија за дополнителни 74 минути дневно. Работното време годинава веќе беше еднаш продолжено за 30 минути, а по потреба беа воведувани дополнителни смени во сабота.

Германскиот произведувач ја зголеми продажбата на автомобили за 11% во 11 месеци од 2013, во споредба со истиот период лани. До крајот на ноември на купувачите им беа испорачани 1,32 милиони возила.