Германскиот произведувач на автомобили Дајмлер планира да лансира нова линија на мали луксузни автомобили во својот оддел Мерцедес – Бенц, како конкуренција на ривалскиот лидер на пазарот на луксузни автомовили, BMW, пишува магазинот Фокус, пренесува Ројтерс.
Дајмлер ќе ги позиционира новите модели над класата smart city-car, со технологија која ќе се заснова на компактната А – класа. Деловната офанзива треба да започне во 2015 година со нов тип SUV возила, кој ќе биде претставен на саемот во Шангај овој месец.
Моделот со три врати кој треба да му конкурира на мини моделот на BMW ќе се појави во 2016 година, а цената ќе се движи меѓу 17.000 и 20.000 евра.