Mercedes можеби ќе произведува и автомобили во Турција

100

mercedes

Германскиот автомобилски гигант Mercedes ја разгледува можноста за производство на автомобили во Турција доколку има иницијатива за даночни олеснувања и раст на пазарот, пишува Заман.

Зборувајќи за очекувањата на компанијата да се намалат даноците, директорот на маркетинг и продажба на Mercedes-Benz Türk, Суер Сулун, изјави дека одржлив пораст на пазарот ќе ја обезбеди потребната атмосфера за компанијата да почне да произведува и автомобили во оваа земја. Според Сулун, Турција е осми по големина пазар за производство на автомобили во Европа и дека земјата заостанува зад својот вистински потенцијал поради високите даноци. Од компанијата велат дека ќе започнат со производство на автомобили во Турција, кога овој пазар ќе влезе во топ пет во Европа.

Mercedes веќе произведува камиони и автобуси во две одделни фабрики во Турција, во кои инвестираше 77 милиони евра во 2013 година.