Mercedes почна програма за обука на мигранти

42

mercedes

Германската компанија Mercedes Benz започна програма за обука на мигранти во Германија, во која се вклучени практична работа и часови по германски јазик на учесниците во период од 14 недели. Целта е да им се помогне на бегалците и на барателите на азил да се интегрираат на германскиот пазар на труд, но не мора да бидат стриктно во автомобилската индустрија.

Програмата ја реализираат Daimler и владината Агенција за вработување. Првите 40 мигранти се најмногу од Сирија, потоа од Авганистан, Еритреја, Гамбија, Нигерија и Пакистан, на возраст од 21 до 50 години.

“Најдобро место да се интегрираат луѓето е работното место. Работејќи заедно се создава меѓусебно разбирање. Задоволни сме што многу колеги покажаа желба да бидат ментори на практикантите”, вели во соопштението Михаел Брехт од Daimler.

Првите шест недели ги покрива германската влада, а следните осум Daimler ќе им исплаќа минимална плата. Првата ваква програма започна во фабриката Unterürkheim на Mercedes во Штутгарт и се очекува да се воведат слични програми на други локации.